Вардар ги регистрира странците и комплетен оди на Шкупи

525

Супер информација за навивачите на Вардар. Клубот успеа денеска да ги регистрира овогодинешните странски засилувања и тие се во комбинација за неделниот натпревар против Шкупи на стадионот Борис Трајковски од 17:00 часот.

Бразилците Лемос и Педрињо, како и интернационалецот од Андора Алберт Алаверда имаат право на настап, а на тренерот Бобан Грнчаров е да одлучи кој од нив ќе го свртсти во стартиот состав.

Секако дека по овие збиднувања, стартните единаесет на Вардар ќе претрпат измени, во однос на оние кои настапи на Струмица против Брера во рамките од првото ПМФЛ коло.

 

ПретходноФК Вардар, ФФМ и МВР одржаа состанок пред неделното дерби со Шкупи
СледноБразилски напаѓач е деветтото засилување за Галатасарај