Лига 1: Првпат по 2002 со 18 екипи, ривалите се надеваат дека ќе го симнат ПСЖ

136

Пари Сен Жермен по 11-ти пат по ред ја освои титулата во Лига 1, а во новата сезона влегува со дузина проблеми во своите редови. Оваа сезона ќе ја брка титулата без Лионел Меси, како и со незадоволниот Килијан Мбапе кој одби да го продолжи договорот и најави заминување, а како последица на сето тоа и Нејмар решил да ја смени средината.

Ќе видиме дали ПСЖ ќе биде доминантен во францускиот шампионат како претходните сезони. Останатите клубови веруваат дека можат да ги искористат проблемите во парискиот гигант и конечно да го симнат од тронот.
Оваа сезона Лига 1 за прв пат по 2002 година ќе брои 18 тимови. Ле Аврт и Мец ги заменија испаднатите Оксер, Ајачио, Троа и Анже.

ПСЖ, Марсеј и Монако имаат нови тренери. ПСЖ тргнува со Луис Енрике, Марсеј го презеде Марселињо кој дојде на местото на Игор Тудор, а нивниот ривал од ривиерата го назначи Ади Хитер. Ница го ангажираше Роберто Де Зерби, а и Тулуз направи освежување со промоција на асистентот Карлос Мартинез Новел на местото на отпуштениот Филип Монтание.
Вицешампионот Ленс остана без Луис Опенда (отиде во Лајпциг) и Секо Фофана (отиде во Ал Наср) но нивното отсуство успеа да го надополни Анди Диуф и Анџело Фулгини.

Во ПСЖ пристигнаа Мануел Угарте, Лукас Хернандез, Уго Екитике, Канг ин Ли, Милан Шкринијар, Марко Асенсио. И Марсеј донесе неколку нови играчи, се засили на секоја позиција: Ндиаје, Исмаил Сар, Руслан Малиновски, Пјер Емерик Обамејанг, Амин Херит во офанзива, Кондогбија како дефанзивен играч за врска, Ренан Лоди како лев бек и Рубен Бланко на голманската позиција.

ЛИГА 1, 1.КОЛО
ПЕТОК
НИЦА – ЛИЛ 21:00 ч.
САБОТА (12.08.2023)
МАРСЕЈ – РЕМС 17:00 ч.
ПСЖ – ЛОРИЕН 21:00 ч.
НЕДЕЛА (13.08.2023)
БРЕСТ – ЛЕНС 13:00 ч.
КЛЕРМОН – МОНАКО 15:00 ч.
НАНТ – ТУЛУЗ 15:00 ч.
МОНПЕЉЕ – ЛЕ АВР 15:00 ч.
РЕН – МЕЦ 17:05 ч.
СТРАЗБУР – ЛИОН 20:45 ч.

 

ПретходноЃорческа во полуфиналето во Осијек
СледноЛеонит Ибраимов од Сент Гален наша иднина во средниот ред