Женската кадетска репрезентација на Македонија на Европскиот шампионар, загуби од Швајцарија со минимални 31:30 и на тој начин останува да се бори за 15. место на овој турнир.
Иако во еден момент имавме водство и со плус три гола разлика 29:26, сепак нашите млади ракометарки немаа сили за добар финиш и загубија со пенал во последните секунди од мечот.
Мифтари доби исклучување во последните моменти, па Македонија беше со играч помалку до крај на мечот. Имавме напад на минус еден, 31-30, кога остануваа уште 40 секунди за играње. Кралева израмни од тешка позиција на 31-31. Швајцарките успеаја да изнудат пенал во последните секунди од мечот, кој беше реализиран и мечот заврши со нивна победа.