Сити го декласираше Барнли: Халанд двоен стрелец а Пеп гневен на Норвежанецот! (ВИДЕО)

550

На отворањето на новата сезона во Премиерлигата, Манчестер Сити како гостин славеше со 0:3 кај Барнли, кај тимот на нашиот Дарко Чурлинов.

Шампионот на овој меч покажа кој е кој и речиси на рутински начин дојде до првата победа во првиот меч во новата сезона во која важи за најголем фаворит за титулата во најсилната лига во светот.

Ерлинг Халанд уште во 4.минута го постигна првиот гол, потоа стрелаше во 36.минута за водство од 0:2. Додека Родри во 76.минута по една мешаница пред домашниот гол успеа да го пронајде патот до мрежата за 0:3.

Нашиот интернационалец не беше во записникот на овој меч од познати причини.

Треба да се каже дека и покрај тоа што Халанд во првиот дел постигна два гола, стратегот Пеп Гвардиола беше гневен на Норвежанецот, му се дереше на паузата, а за малку ќе настрадаше и камерата.

ПретходноПораз во пет сета: Јапонците за „влакно“ подобри од Македонија
СледноЛил се спаси од пораз во 90+3. минута кај Ница! (ВИДЕО)