Столе и Рајо тргнаа со победа во новата сезона во Ла Лига! (ВИДЕО)

143

Алмериа – Рајо Валјекано 0:2 е резултатот на првиот меч во новата сезона во Ла Лига. Се разбира дека на голот на гостите бепе нашиот репрезентативец Столе Димитриевски, кој успеа уште на првиот меч во новата сезона да сочува својата мрежа нечепната.

Интересно, Рајо во 20. и 28.минута ги постигна тие два гола и тоа двата од пенал. Стрелец беше Палазон, Во продолжение од мечот Алмериа тргна со сите сили да стори нешто повеќе, но одбраната на гостите на чело со Македонецот успешно се справуваа со сите опасности пред голот на Рајо.

Па така на крајот Столе и Рајо освоија три бода.

ПретходноСП У-19: Браво момци…Македонија ја победи Чешка и се пласира на 9.место на Мундијалот!
СледноЏани стартер: Фирмино со хет-трик за Ал Ахли ја отвори новата сезона во С. Арабија! (ВИДЕО)