Од во Талин (Естонија) и во Гливице (Полска) се играат двата турнири за место во олимписките квалификации во кои осум селекции тргнуваат со иста желба, да бидат најдобрата.
ФИБА направи еден рејтинг за актуелните можности на оваа „осмица“. Аналитичарите велат дека најголеми шанси имаат кошаркарите на БиХ.
Веднаш зад Босанците се домаќините на една од двете групи – репрезентацијата на Полска, по што следуваат две екипи од нашата група, Чешка и Израел.
Македонската репрезентација, ФИБА ја става на петтото место, потенцирајќи дека имаме евидентен напредок, ги поминавме двете претквалификациски фази за Евробаскетот 2025, дека го имаме најдобриот играч во ФИБА лигата на шампионите Ти-Џеј Шортс, кому како сериозна поддршка му е играчот на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ.
ФИБА РЕЈТИНГ – ПРЕДОЛИМПИСКИ ТУРНИРИ
1.БИХ
2. ПОЛСКА
3.ЧЕШКА
4.ИЗРАЕЛ
5.МАКЕДОНИЈА
6.ЕСТОНИЈА
7.УНГАРИЈА
8.ПОРТУГАЛИЈА