Италијанскиот прволигаш Фиорентина го продаде Артуро Кабрал во Бенфика, а напаѓачката линија ја пополни со двајца нови играчи. Заминувањето на Бразилецот во Португалија ги активираше двата други трансфери на „виолетовите“, па така во Фиренца дојде Мбала Нзола од Специја и Лукас Белтран од Ривер Плата.
Неколку извори, вклучувајќи ги „Скај спорт Италија“ и „Спорт Италија“ информираа дека трансферот на Нзола изнесува 12 милиони евра. Инаку овој играч бил цел и на Вест Хем, Торино и Рома, но Анголецот верува дека во Фиорентина ќе има повеќе време за игра.
Тој постигна 13 гола во 31 меч за Специја во Серија А.
Во Фиренца ќе пристигне и Белтран за кого Фиорентина ќе плати 25 милиони евра. Двете страни одамна се договориле, но работата се одолговлечи затоа што Ривер сакал да го искористи 22-годишниот напаѓач во мечевите од Копа Либертадорес. Ривер испадна по поразот од бразилски Интернационал, па даде зелено светло играчот да ги договори личните услови. Од Италија информираат дека викендов ќе то комплетира трансферот на „Артемио Франки“.