Еве зошто Пеп “здиве“ на полувремето и му се дереше на Халанд! (ВИДЕО)

1586

Навистина непријатна сцена на мечот Барнли – Манчестер Сити, кој патем заврши со 0:3 за гостите, и тоа на полувремето. И покрај фактот дека Норвежанецот постигна, до тој момент, два гола, сепак Пеп Гвардиола му се дереше како да промашил сто шанси а противникот води со 5:0.

Пеп Гвардиола по мечот откри зошто му беше толку лут на својот напаѓач:

Тој секогаш сака топката да му се додаде нему и само нему. Постојано сака да се проигрува во простор. Да, Ерлинг ја сакаше топката, но Бернардо направи добар потег што не му ја подаде. Да, постигна два гола, верувам дека е среќен“ истакна Гвардиола.

Халанд пак посочи:

Инцидентот се случи после последната акција по која му се налутив на Бернардо затоа што не ме проигра мене, ете затоа Пеп ми се налути. Сепак, треба да кажам дека не постои тренер во светот како Пеп од кого може да се научи толку многу“.

ФОТО: Twitter

ПретходноПроблем за Пеп: Де Брујне повторно се повреди, ќе паузира подолго време!
СледноСудии од Малта ќе и судат на Струга ТЛ на реваншот во Луксембург!