Репрезентацијата на Македонија до 19. години одигра многу лош меч на домашен терен против Грузија и загуби со 2:6.
Грешките кои ги направивме во првиот дел не доведоа до тоа да губиме со 0:3 за многу кратко време по што реално и немавме шанса за резултатска рехабилитација.
Намаливме пред полувреме на 1:3, а потоа и преку пенал со 2:3. Противникот оправрадно доби најстрога казна повторно зоглеми на плус два односно на 2:4 за да во самиот финиш доживееме вистински дебакл со конечните 2:6, со голови примени во последните секунди од мечот.