Реал Мадрид со победа ја отвори сезоната во шпанската Ла Лига. „Кралевите“ славеа на во незгодниот Билбао против Атлетик со 2:0 со два гола постигнати во првото полувреме. Реал претрпе големи промени во текот на летото, пред се остана без големата напаѓачка ѕвезда Карим Бензема, но беше донесен Џуд Белингем кој вечерва дебитираше со убав гол.
Прво Родриго ја затресе мрежата на баскискиот тим во 28 минута, а осум минути подоцна на асистенција на Алаба, Белингем со убав шут го матира домашниот чувар на мрежата.