Првиот човек на Турската кошаркарска федерација, Хидо Туркоглу, рече дека ќе преземе мерки поради отсуството на натурализираните Американци Скоти Вилбекин (Фенербахче) и Шејн Ларкин (Анадолу Ефес) од националниот тим за Светското првенство во 2023 година.
Двајцата играчи ги наведоа повредите како причина да не играат за Турција на Мундобаскетот.
„Многу е тажно што се случуваат такви процеси. Ќе дадам важна најава во име на федерацијата по завршувањето на турнирот. Сакаме сите играчи да бидат во тимот. Има играчи кои наоѓаат изговори кога ќе бидат повикани, но треба подобро да и ја објасниме на јавноста суштината на ваквите процеси. Особено кога станува збор за Скоти Вилбекин и Шејн Ларкин“, вели Туркоглу.