Австралија и Англија се вториот полуфинален пар на СП за жени

74

Женските фудбалски репрезентации на Австралија и Англија се последните патнички во полуфиналето на Светското првенство, откако во четвртфиналето денеска успеаја да се изборат за победи над Франција, односно Колумбија.

Австралијанките во четвртфиналето во Бризбејн по изведувањето на пенали ја совлада Франција со 7:6, додека Англија беше подобра на мечот со Колумбија во регуларните 90 минути, откако со пресврт славеше со 2:1.

Австралија за првпат во историјата се пласираше во полуфиналето, каде во среда во Сиднеј ќе игра против Англија. Во второто полуфинале Шпанија ќе игра против Шведска.

ПретходноКевин Принс Боатенг ја заврши фудбалската кариера
СледноТуркоглу најави санкции за Вилбекин и Ларкин кои одбија да играат на Мундобаскетот!