Шпанскиот репрезентативец Адама Траоре најде клуб. Тој останува во Премиер лигата и ќе ги брани боите на Фулам. На Шпанецот на 1 јули му истече договорот со Вулверхемптон и тој како слободен фудбаалер премина во лондонскиот тим.
Инаку дел од минатата сезона Траоре ја помина во Барселона (11 натпревари), а претходно играше уште за Мидлсбро и Астон Вила.
За Шпанија има осум натпревари.
Корпулентниот крилен фудбалер потпиша за Фулам двегодишен договор со опција за продолжување на уште една.