Брајтон одличен против Лутон, Фулам го „шокираше“ Евертон

88

Тимот на Брајтон не можеше подобро да ја започне сезоната во Премиер лигата, откако во првото коло на домашен терен со 4:1 го совлада Лутон. Марш погоди во првото полувреме, а во 71. Жоао Педро зголеми на 2:0. Морис од пенал на десет минути до крајот создаде немир во домашните редови, но за смирување се погрижија Адингра и Фергусон за конечниот резултат.

Фулам пак од друга страна го направи сосема спротивното, и со 0:1 на гости кај Евертон освои три бода. Творец на победата е Де Кордова Реид со голот во 73. минута.

Со истиот резултат и Кристал Палас славеше кај Шефилд, додека пак Борнмут и Вест Хем одиграа 1:1.

 

 

ПретходноМакедонија загуби од Израел и се враќа во дивизијата Б
СледноМакедонија У19 со дебакл на домашен терен, Грузија ни даде шест гола среде Скопје (ВИДЕО)