Гранде Пандев доби подарок дрес на Вардар

1066

Викендов се игра второто коло од ПМФЛ шампионатот, во кој тимот на Вардар ќе го пречека Шкупи на домашен терен. Минатиот викенд пак, на премиерата на овогодинешната сезона, Вардар гостуваше во Струмица кај Брера каде што загуби со 1:0.

На заминување, Вардар како добар гостин на домаќинот, легендата на македонскиот фудбал Горан Гранде Пандев му подари дрес.

„Сакам Вардар да го видам оној стариот, на врвот на мак фудбалот. Онаму каде што му е местото“ – рече Гранде Пандев примајќи го подарокот од Љупчо Димовски, економот на Вардар.

ПретходноАрсенал со победа на „Емирати“ ја почна новата сезона во Премиер лигата (ВИДЕО)
СледноКостиќ за трансферот во Рибница: Одлична можност да играм и тренирам на повисоко ниво