Поранешниот играч на Милан, Барселона, Шалке и други клубови, Кевин Принс Боатенг објави дека става крај на својата играчка кариера.
„Те сакам, но ова е крајот за мене. Фудбалу, ти благодарам за се“, напиша 36-годишниот Боатенг на Инстаграм.
Последните две сезони Боатенг ги помина во Херта Берлин каде ја започна кариерата.
Боатенг ги помина сите младински категории во селекциите на Германија, но потоа реши да игра за Гана за која настапуваше на Светското првенство во Јужна Африка. Одигра вкупно 15 натпревари и постигна два гола во дресот на селекцијата на Гана.
Тој влезе во историјата бидејќи на натпреварот меѓу Гана и Германија играше против сопствениот брат Жером, долгогодишен дефанзивец на Баерн.