Кадетките со пораз од Исланд го завршија ЕП на 16. место

92

Женската кадетска репрезентација на Македонија со пораз од Исланд од 34:25 го заврши настапот на Европското првенство за играчи до 17 години на 16. место. Во последниот меч на првенството денеска, нашите млади надежи имаа егал-меч со Исланд се до последните 15 минути од средбата, кога паднаа во темпото и им дозволија на противничките од минута во минута да ја зголемуваат разликата за конечна победа.

Со 6 постигнати гола во нашата репрезентација најефикасна и денеска беше Ива Младеновска. По 4 погодици имаа Кралева и Миленкоска. Кај Ислан со 6 гола од исто толку обиди најефикасна беше Ериксдотир.

ПретходноСтаврев ќе им суди на Дориан Бабунски и Дебрецин на мечот со Рапид Виена!
СледноРеал ја најде замената за Куртоа во голманот кој го одби Баерн и доаѓа во Мадрид!