Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, ќе игра уште едно ИТФ финале.
Денеска во првиот полуфинален меч на ИТФ Фјучерсот во Осијек (Хрватска), кој се игра за награден фонд од 25.000 долари, нашата тенисерка во два сета успеа да слави над далеку послаборангиранат апротивничка Амариеи од Романија со 7:5, 6:4.
Ѓорческа сега ќе треба да го почека второто полуфинале меѓу Лукас од Хрватска и Тодони од Романија за да го дознае својот утрешен ривал во големото финале.