На Европскиот У16 кошаркарски шампионат, предмалку Македонија во борбата за пласман од 13. до 16. место загуби од Израел со конечен резултат од 48:71.
Во меч во кој одигравме само една добра четвртина, онаа третата, и во која истата ни оддалеку не беше доволна за поволен резултат, нашите млади кошаркари уште еднаш на овој турнир покажаа дека едноставно квалитетот и капацитетот во моментов е толкав.
Сите преостанати четвртини од овој меч Македонија ги загуби со минимум осум коша разлика, па конечниот резултат е реален и ја оретставува ситуацијата на терен во целост.
Ова значи дека Македонија се враќа во Дивизијата Б, според ранкингот откако пет години бевме ранг погоре.
Сега, Македонија ќе треба да разигрува за пласман на 15. место во дуелот со Белгија.