Полноќна лудница во Минхен: Хари Кејн во 2 часот утрово потпиша за Баерн, па ги поздрави фановите! (ВИДЕО)

981

Конечно среќен крај за Хари Кејн, за капитенот на репрезентацијата на Англија. Тој е веќе член на Баерн Минхен а вечерва може, ако игра, да го освои и својот прв трофеј со германскиот гигант во меч од Суперкупот.

Како што известуваат медиумите во Англија и Германија, откако Кејн ги минал лекарските прегледи, тој околу 2 часот утринава го ставил потписот на договорот со “баварците“, за да потоа ги поздрави фановите на Баерн кои беа пред зградата каде што се наоѓа седиштето на клубот.

Тие се воодушевени, Кејн е среќен, останува сега само да ги тресе мрежите за Баерн како што тоа го правеше за Тотенхем.

ПретходноОвој човек е ЧУДО: Меси не знае за доста…нов меч, нов гол! (ВИДЕО)
СледноСагата заврши: Дембеле конечно е член на ПСЖ!