Проблем за Пеп: Де Брујне повторно се повреди, ќе паузира подолго време!

206

Иако неговиот тим на отворањето на сезоната во Премиерлигата забележа убедлива победа на гостивањето кај Барнли, со 3:0, сепак Пеп Гвардиола не беше премјногу среќен по мечот.

Освен тоа штѕо имаше “дуел“ со Ерлинг Халанд, на кого беше гневен по првото полувреме и му се дереше пред ТВ камерите, Пеп дозна дека повредата на Кевин де Брујне, неговиот клучен играч ќе го нема подолго време на располагање.

За жал тој се повреди, тоа е истата повреда од финалето во Лигата на Шампионите. Ќе го нема во тимот подолго време. Останува сега Кевин добро да се одмори, да ја санира повредата и повторно да се најде во тимот“ изјави Гвардиола.

Инаку на овој меч своето официјално деби во дресот на Сити го имаа и двајцата Хрвати, Матео Ковачиќ кој влезе место Де Брујне во 24.минута, а потоа во игра влезе и Јошко Гвардиол.

ПретходноВака брани Македонецот во Ла Лига: Столе фаќа зицер! (ВИДЕО)
СледноЕве зошто Пеп “здиве“ на полувремето и му се дереше на Халанд! (ВИДЕО)