Робин Госенс се сели во Унион Берлин

84

Германскиот репрезентативец и интернацоналец Робин Госенс ќе се врати дома, односно ќе потпиша за тимот на Унион Берлин. Во моментов членот на Интер, се враќа во татковината во трансфер од 15 милиони евра плус додатни бонуси.

Госенс во Интер имаше завидна улога, во минатата сезона настапи на педесетина мечеви.

За Германија пак настапи на 16 мечеви до сега и постигна два гола. Интер пак веќе ја пронајде и замената за него, и го доведува Карлос Аугусто од Монца.

ПретходноКостиќ за трансферот во Рибница: Одлична можност да играм и тренирам на повисоко ниво
СледноМакедонија загуби од Израел и се враќа во дивизијата Б