Сагата заврши: Дембеле конечно е член на ПСЖ!

175

Полноќна “бомба“ од Париз. Осман Дембеле е нов член на ПСЖ. Оваа вест ја потврдија неколку извори, меѓу кои и Фабрицио Романо. Се очекува и официјална потврда од самиот клуб. Со тоа заврши уште една фудбалска сага на фудбалерот за кој се верува дека е едно од најголемите промашувања на Барселона која плати 140 милиони евра за трансферот на Дембеле од Дортмунд на “Камп Ноу“. Но Французинот не ги оправда тие силни пари вложени во него. Факт е дека станува збор за огромен потенцијал, но повредите си го сторија своето. Неофицијално на Барса ќе и припаднат само 25 милионие евра од трансверот на Дембеле во Париз.

Инаку, барем според најавите, Дембеле и ПСЖ имаат договор за соработка до 2028 година. Инаку “светците“ претходно во своите редови ова лето ги доведоа Гонзало Рамош, Мануел Угарте, Лукас Хернандез, Канг Ин – Ли,Чави Симонс, Милан Шкрињар, Марко Асенсио и Арнау Тенас.

ПретходноПолноќна лудница во Минхен: Хари Кејн во 2 часот утрово потпиша за Баерн, па ги поздрави фановите! (ВИДЕО)
СледноВака брани Македонецот во Ла Лига: Столе фаќа зицер! (ВИДЕО)