И дефинитивно и официјално заврши сагата која го “тресеше“ фудбалскиот свет барем два месеци. Хари Кејн е промовиран во дресот на Баерн Минхен и ќе биде во редовите на “баварците“ до 2027 година, значи потпишал четиригодишен договор за 100 милиони евра, по 25 милиони по сезона. Додека Баерн Минхен за него на Тотенхем му плати 100 милиони евра и бонуси, па целата сума може да излезе и повеќе од 120 милиони евра што секако дека е рекорд во германскиот фудбал.
Интересно, Кејн може уште првиот ден во Баерн Минхен може да го освои својот прв трофеј во кариерата. Имено вечерва се игра Суперкупот на Германија меѓу Баерн и Лајпциг, а на него се очекува дебито на Англичанецот.