Осман Дембеле и официјално е нов член на ПСЖ. Договорот “падна“ ноќеска, а утринава “светците“ го претставија на спектакуларен начин, со пораката – добредојде Осман во твојот нов дом!
Инаку договорот важи до 2028 година, што значи двете страни се обврзале на петгодишна соработка.
Со ова заврши уште една сага која го потресуваше трансфер пазарот неколку недели. Барселона остана без играчот кој важеше за нејзино најголемо трансфер промашување од 140 милиони евра.
🔴 #WelcomeDembélé 🔵
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) August 12, 2023
Welcome to your new home, Ousmane! ❤️💙#WelcomeDembélé
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) August 12, 2023