ВМФЛ прво коло: Пелистер триумфално низ Струмица, Беса ја покажа силата, Победа без милост против Тетекс (ВИДЕО)

1197

На стартот на ВМФЛ шампионатот денеска фаворитите ја одиграа својата улога и забележаа победи на мечеви на кои триумфот беше императив.

Тимот на Пелистер започна онака како што посакуваше со 0:2 победа кај Беласица. Љамчевски од пенал во првиот дел, откако Сулев играше со рака во сопствениот шеснаесетник, за да потоа Спиркоски со глава во вториот дел го постави конечниот резултат.

Победа од друга страна до врв ја наполни мрежата на Тетекс на домашен терен триумфирајќи со 5:1. Уште од самиот старт домашните поведоа со 2:0, гостите се понадеваа на нешто кога намалија на 2:1, но потоа следуваше канонада врз нивниот гол, откако останаа со играч помалку.

Конечно, Беса кај Осогово покажа дека не случајно е фаворит за влез во прва лига забележвајќи победа од 0:4.

Детонит на домашен терен славеше со 1:0 над Вардар Неготино, додека во Каменица Саса и Скопје одиграа 1:1. Минимална победа на домашен терен обезбеди и Башкими нас Охрид. Новаци трумфираше со 2:0 над Арсими. Кожуф со екстра победа на домашен терен против Караорман од 3:0.

ПретходноМакедонија У19 со дебакл на домашен терен, Грузија ни даде шест гола среде Скопје (ВИДЕО)
СледноСосиедад киксираше на стартот против Џирона