Израел ни одржа кошаркарска лекција

331

Македонската кошаркарска репрезентација на стартот на предквалификацискиот олимписки турнир кој се игра во Талин, Естонија, претрпе пораз од Израел со конечни 86:65.

Во меч во кој единствено во последната четвртина имавме резултатски егал, а сме загубиле со 21 поен разлика, станува јасно како течел овој натпревар.

Првата четвртина ја загубивме со 24:19, а втората со 23:19, па противникот со девет поени предност замина на полувреме. Ако дотогаш и имавме некаков резултатски баланс, третата делница од мечот беше клучна за овој наш пораз затоа што истата ја загубивме со 25:13, по што работите станаа јасно каде оди овој меч.

Попусто го имавме најјефикасниот играч на овој меч, во името на Американецот во нашите редови Шортс, кој постигна 22 коша, а единствено уште Магдевски со 11 имаше двоцифен број на поени.

Кај противникот пак, Соркин со 21 поен, Зив со 18 и Мадар и Тимор со по 13 поени најдобри на теренот.

Ние утре имаме можност за поправен испит со дуелот против домаќинот Естонија, меч кој почнува од 18:00 часот.

 

ПретходноСосиедад киксираше на стартот против Џирона
СледноОдбојкарите им се поклонија на 12-те ваташки младинци (ВИДЕО)