Она што „Спортспорт“ го најави уште 4 август, денеска е и потврдено. Коста Манев е нов член на Македонија ЃП. Секако дека ова е големо засилување за “лавовите“ кои веројатно и во новата сезона ќе имаат големи амбиции, како што и досега беше во неколкуте изминати когав редовно излегуваа во Европа.
Манев е некогаше играч на Вардар, А.Пандев, а последно играше во Катар. Инаку има играно и во Вележ (БиХ) и во неколку клубови во Финска.
Со Манев кој има 30 години, одбраната на “лавовите“ и тоа како ќе биде засилена.