Конечно среќен крај за Хари Кејн, за капитенот на репрезентацијата на Англија. Тој е веќе член на Баерн Минхен а вечерва може, ако игра, да го освои и својот прв трофеј со германскиот гигант во меч од Суперкупот.
Како што известуваат медиумите во Англија и Германија, откако Кејн ги минал лекарските прегледи, тој околу 2 часот утринава го ставил потписот на договорот со “баварците“, за да потоа ги поздрави фановите на Баерн кои беа пред зградата каде што се наоѓа седиштето на клубот.
Тие се воодушевени, Кејн е среќен, останува сега само да ги тресе мрежите за Баерн како што тоа го правеше за Тотенхем.
Harry Kane still at Säbener Straße, waving to fans who have been waiting to catch a glimpse of the striker [🎥 @skysportspaulg]pic.twitter.com/Ieb5B1JyKU
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) August 11, 2023