Пресврт: Челзи понуди 115 милиони фунти за Каиседо, пет повеќе од Ливерпул!

310

Челзи испратил нова понуда за играчот од средниот ред на Брајтон, Мојсес Каиседо која ја надминува понудата која за него ја испрати екипата на Ливерпул.

Според новинарот Нејтан Гисинг, лондонскиот клуб сега понудил 115 милиони фунти за 21-годишниот фудбалер и тоа ги става во „пол-позиција“ за договор со Еквадорецот кој самиот изјави дека му дава предост на Челзи во преговорите.

Претходно Ливерпул и Брајтон  се договорија за трансфер на играчот од средниот ред за рекордни 110 милиони фунти, но до договор не дојде затоа што Каиседо не сакал да се пресели на „Енфилд“.

ПретходноЛудост: Катарците ќе му забранат на Мбапе влез на “Паркот на Принцовите“!
СледноКевин Принс Боатенг ја заврши фудбалската кариера