Пријателски мечеви: Шампионот поразен од Партизан, Охрид го совлада Вардар

337

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер одиграа контролен меч со Партизан во Белград и загубија со 31:30. „Црно-белите“ на полувреме имаа предност од 18:11, во финишот на второто полувреме пелистерци имаа шанса да бркаат пресврт меѓутоа не успеаја. Битолчани од таму патуваат во Добој каде што идната недела ќе учествуваат на ТВ турнирот на шампионите.

А во Маврово, исто така во контролен меч, ГРК Охрид го совлада Вардар со 27:26. Најефикасни кај „Гладијаторите“ беа Шешиќ и Цирар со по 7 голови.
По завршување на подготовките во Маврово, ГРК Охрид ќе настапи на турнирот „Крсте Андоновски“ што ќе се одржи од 23 до 26 август во салата „Билјанини извори“. А следен предизвик на Вардар е турнирот во Струга.

ПретходноАдама Траоре потпиша за Фулам
СледноСрпски кошаркар доживотно суспендиран