Францускиот шампион Пари Сен Жермен со реми без голови ја отвори новата сезона во француската Лига 1. На својот „Парк на принцовите“, екипата на Луис Енрике одигра 0:0 против Лориен што е кикс со оглед на квалитетот на противникот.
За ПСЖ во протоколот не беа Мбапе и Нејмар, а во нападот од стартот беа Ли, Рамош и Асенсио, подоцна влегоа и Фабијан Руиз и Карлос Солер како и новата француска надеж Екитике.
Идното коло ПСЖ му гостува на Тулуз, а Лориен ќе игра дома против Ница.