Српски кошаркар доживотно суспендиран

681

По истрагата која ја покрена ФИБА, епилогот е доживотна суспензија за српскиот кошаркар Стефан Шајин, пренесува „Спортски журнал“. ФИБА веќе подолго време ја „чешла“ српската кошарка по пријавата дека играчи учествувале во нерегуларности, а за Шајин била докажано обвинението и тој е суспендиран доживотно.
Шајин во текот на кариерата играше за Спартак Суботица, Младост од Земун, Војводина, ЧСМ Медијаш… Во моментот кога истрагата била покрената Шајин бил член на Војводина, но спорните моменти за местење не се случиле кога тој играл за српските клубови.
Освен Шајин, меѓу оние кон ФИБА ги сомничи за местење е и Саша Аврамовиќ, но за него моментално нема информации дали е докажана вина.

ПретходноПријателски мечеви: Шампионот поразен од Партизан, Охрид го совлада Вардар
СледноЛајпциг го „растури“ Баерн и го освои Суперкупот, деби на Хари Кејн, три гола на Олмо