Откако се прошири веста дека Манчини се заминува од селекторското место на италијанската фудбалска репрезентација, од Италијанската федерација веднаш почнале разговори со неколку потенцијални кандидати за нов селектор на „аѕурите“.
ФИГЦ потврди дека Манчини си заминал од националниот тим, а „Скај Италија“ наведува дека двајца најсериозни кандидати за испразнетото место се Даниеле де Роси и Фабио Канаваро.
И со двајцата начелно имало еден разговор утринава, но се уште е рано да се донесат конечни заклучоци. Според италијанските медиуми во текот на следната недела ФИГЦ ќе мора да донесе решение кој ќе го наследи Манчини пред септемврискиот циклус од квалификациите за ЕП 2024.