Митровски ќе го суди финалето на кадетскиот Евробаскет

123

Нашиот најдобар кошаркарски судија Игор Митровски, во друштво на своите колеги Оскарс Лучис од Летонија, односно Карстен Штраубе од Германија, ќе ја делат правдата на натпреварот Италија-Шпанија, кој ќе одлучи кој ќе биде новиот европски шампион во кадетскат конкуренција односно за играчи „Под 16“ години.
Големото финале на првенството во Скопје стартува од 21.часот, а се игра во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Инаку, освен Игор Митровски, меѓу официјалните лица на турнирот беа и неговиот брат Зоран Митровски, и Томи Панов, кои исто така, сосема добри го реализираа својот дел од обрските кои пред нив ги постави судискиот департмент на ФИБА.

ПретходноПМФЛ: Работнички во поход на Кратово, “жешко“ ќе биде во Ѓорче, Брера сака “два од два“, Тиквеш гостува во Гостивар…
СледноНов удар за Реал – Едер Милитао со сериозна повреда