Навивачки тепачки пред меч од втората француска Лига (видео)

148

Натпреварот меѓу Роде и Сент Етјен од француската Лига 2 не почна на време поради тепачка меѓу навивачите на двата тима. Инцидентот се случил надвор од стадионот „Пол Лињон“ во Роде каде илјадници навивачи се собраа пред влезот. Лошото е што имало и од двете страни, па дел од навивачи на Ст.Етјен ги провоцирале домашните навивачи со тоа што фрлале шишиња и камења кон нив поради што дошло и до физичка пресметка со тупаници и клоци.
Натпреварот и онака доцнеше поради застој во технологијата, а нередите дополнително го одложија мечот. Фудбалерите излегоа на терен да се загреваат па се повлекоа, затоа што дел од оние навивачи кои влегоа на трибините исто така се степаа.

ПретходноНов удар за Реал – Едер Милитао со сериозна повреда
СледноДиего Коста и Паје ќе играат во Бразил