Нов удар за Реал – Едер Милитао со сериозна повреда

148

Реал Мадрид доби нов удар. По тешката повреда на Тибо Куртоа кој ќе отстуствува долго време, кралскиот клуб се најде пред нови проблеми. На првиот меч од новата сезона во Лига 1, против Атлетик Билбао, се повреди еден од главните играчи во дефанзивниот ред Едер Милитао.
Португалецот се обиде да добие дуел со противнички играч, но изгуби рамнотежа и го повреди коленото. Веднаш беше изнесен на носилки, а денеска ќе биде на лекарски прегледи за да се види сериозноста на повредата.
Првичните информации говорат за иста повреда како Куртоа. Ако е така тогаш го очекува најмалку шест месеци пауза.
„Милитао заработи повреда на коленото, која не изгледа добро. Дали се лигаментите во прашање? Не можеме да исклучиме ништо“, изјави Анчелоти по мечот.

ПретходноМитровски ќе го суди финалето на кадетскиот Евробаскет
СледноНавивачки тепачки пред меч од втората француска Лига (видео)