Втор убедлив пораз на нашата кошаракрска репрезентација на претквалификацискиот турнир во Талин за пласман на ЛОИ во Париз 2024 година. По вчерашниот пораз од Израел, избраниците на селекторот Јончевски не поминаа ништо подобро ниту денеска на дуелот со Естонија – 83:59.
Домаќинот на турнирот доминираше уште од првата минута на паркетот и со фуриозен настап во првите 10 минути, како да стави точка на неизвесноста на дуелот. Естонците ја добија првата четвртина со 25:7 со што практично уште на стартот не откажаа од надежите за победа.
Во вторите 10 минути се ободивме да ја поправиме играта, но резултатски отидовме во минус уште 4 поени, па на полувреме Естонија имаше високи 44:22.
Во финалните 20 минути Естонија ја задржа свежината во играта, а ние со многу ротации се обидовме, ако ништо повеќе, барем да се приближиме до противникот. На крајот домашните дојдоа до повеќе од заслужена победа, а ние шансата за прв успех ќе ја бараме протиов Чешка во последното 3. коло.
Најдобар реализатор кај нас денеска беше Војдан Стојановски со 12 поени.