Бетис со гол во 90+6. минута до триумф кај Вилјареал! (ВИДЕО)

60

Вилјареал – Бетис 1:2 е епилогот вечерашниот меч од 1.коло во Ла Лига. Интересно е да се каже дека до 90+6.минута резултатот беше 1:1, но тогаш Вилиан Хозе стрелаше во домашната мрежа за големи три бода за тимот од Севилја.

Инаку Перез во 20.минута го доведе Бетис во водство од 0:1, но Вилјареал израмни во 61.минута со голот на Куенка.

Претходно во текот на денот, Селта со Рафа Бенитез на клупата дома загуби од Осасуна со 0:2.

ПретходноКуп на Германија: Висар Муслиу стрелец за Падерборн во голеадата кај Енерџи Котбус!
СледноВо пресрет на реваншот со Струга ТЛ: Есперанж поразен во првенството на Луксембург!