Барселона, најголемиот фаворит за титулата во новата сезона во Ла Лига, заедно со Реал Мадрид се разбира, неубедливо стартуваше. Каталонскиот гигант вечерва на гостувањето кај Хетафе дојде само до бод играјќи 0:0.
Имаа иницијатива гостите, сепак не успеаја да ја материјализираат.
Мечот го одбелелжа дивјачкиот старт на Рафиња, со лакт во глава на еден домашен фудбалер, по што во таа 42.минута доби црвен картон. Во второто полувреме и Чави беше пратен на трибините зошто нервозно постојано протестираше кај судиите.
И Хетафе мечот го заврши со играч помалку, исклучен беше Хаиме Мата во 57.минута кога доби втор жолт, односно црвен.
Во 90+12. минута ВАР проверуваше евентуален пенал за Барса кога Иглесијас го фаулираше Араухо, но главниот судијата покажа дека Гави претходно играл со рака.
Raphinha got a straight red card for elbowing a Getafe player.
— Mikael Madridista (@MikaelMadridsta) August 13, 2023
Raphinha it’s football not UFC!
This has to be a long suspension for the Barcelona winger!😳 pic.twitter.com/Nm4KMqpgLH
— Omar Garcia (@_ATM98) August 13, 2023