Диего Коста и Паје ќе играат во Бразил

115

Поранешниот шпански репрезентативец Диего Коста ќе игра за Ботафого. Некогашниот напаѓач на Челзи и Атлетико Мадрид како слободен играч му се приклучи на бразилскиот клуб откако го напушти англискиот Вулверхемптон и потпиша четиримесечен договор со Ботафого кој доминира во бразилската лига со 14 победи од 18 натпревари и има 16 бода повеќе од второпласираниот на табелата.
Тој ќе го замени Тикињо Соареш кој е водечки стрелец во шампионатот, а кој се повреди при ремито со Крузеиро пред неколку денови.
А поранешниот француски репрезентативец Димитри Паје ќе се сели во Васко Да Гама. Паје во солзи си замина од Марсеј кој не го продолжи договорот со искусниот фудбалер, па тој ја прифатил понудата на Васко и договорот до 2025 година.

ПретходноНавивачки тепачки пред меч од втората француска Лига (видео)
СледноБелгија ни се реваншираше за стартниот пораз