Едер Милитао ги скина лигаментите, следи пауза од шест месеци

128

Нема среќа тимот на Реал Мадрид на стартот на сезоната. Откако синоќа на гостински терен успеа да слави кај Атлетик Билбао со 0:2, славјето е ставено во втор план, поради повредата на Едер Милитао.

Звездата на Реал излезе од игра вчера со болки во коленото, а прегледите го потврдија најлошото, дека ги скинал лигаментите.

Секако, за вака тешка повреда следува оперативен зафат, па рехабилитација, период кој трае околу шест месеци.

ПретходноЃорческа го загуби финалето во Осијек
СледноСпектакуларен гол на Медиќ во дебито за Ајакс (ВИДЕО)