Ким и Кејн во шок: Лелееее….каде ли дојдовме?!

1468

Вчера Баерн во Суперкупот на Германија беше “торпедиран“ од Лајпциг со 0:3. И не само поради резултатот, туку пред се поради играта, “баварците“ просто беа разочарани.

Интересно беше на клупата на Баерн Минхен каде во првото полувреме беа големи засилувања Ким и Кејн, кои не можеа да веруваат во тоа што гледаат.

Сигурно за момент си коментирале: Лелеее….каде ли дојдовме!?

Инаку по мечот тренерот Тухел јавно на прес му се извини на Кејн на ова никакво издание на тимот и рече дека обично Баерн играл добро и победувал.

Смејурија…

ПретходноСтефан Ристовски: Се повлекувам од репрезентацијата, мојот однос со селекторот Милевски не е најдобар! (ФОТО)
СледноСтразбур со триумф над Лион!