Лепидовски потпиша за Металац Таково

239

Младиот репрезентативец на Македонија, Филип Лепидовски следната сезона ќе почне интернационална кариера. Тој од вчера е ново засилување за новиот српски Суперлигаш, екипата на Металац Таково од Горњи Милановац.

Лепидовски минатата сезона ја помина како одбојкар на велешки Борец, а претходно беше дел од скопски Вардар. Младиот одбојкар веќе го заслужи и своето место во нашата сениорска репрезентација со која моментно е на подготовки пред почетокот на Европското првенство.

Лепидовски настапува на позицијата среден блокер.

 

 

ПретходноСпектакуларен гол на Медиќ во дебито за Ајакс (ВИДЕО)
СледноИталијанската федерација има двајца сериозни кандидати за нов селектор