Манчини си поднесе оставка, Италија во Скопје со нов селектор

448

Роберто Манчини од денеска повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Италија.

Искусниот стратег си поднесе неодповиклива оставка, и на тој начин го остави селекторското столче на „Азурите“ испразнето.

Ова пак значи дека Италија на 9 септември во Скопје, кога гостува во рамките од тековните квалификации ќе пристигне со нов кормилар.

„Федерацијата може да потврди дека ја прифати оставката на Роберто Манчини како селектор на италијанската репрезентација, откако истата беше доставена до нас вчеравечер. Со ова, се затвора еден значаен циклус во репрезентацијата, кој започна во мај 2018-та година и кој завршува во 2023-та година. Во овој период, тимот го освои Европското првенство и покажа дека индивидуалците можат да формираат фантастична група, – се вели во соопштението на Италијанската федерација.

Конечно, информациите од Италија велат дека со оглед на фактот што квалификациите се во полн ек, а дуелот со Македонија е на помалку од еден месец, следниот селектор на „Азурите“ ќе биде познат за неколку дена.

 

ПретходноМиовски продолжи каде што застана минатата сезона (ВИДЕО)
СледноЃорческа го загуби финалето во Осијек