Поранешниот функционер на Јувентус, контроверзниот Лучијано Моџи даде прогноза околу настапите на тимот во новата сезона во Серија А. Тој смета дека Торино има реални шанси да се бори за Скудетото, а нивната голема предност ќе биде што нема да настапуваат на европските купови и ќе бидат многу свежи за натпреварите во првенството.
“Без обврски во текот на неделата, на Јувентус ќе му биде полесно да ги зачува силите за натпреварите во лигата и да биде вистински кандидат за Скудетото. Оваа сезона, на Наполи ќе му биде тешко да го повтори она што го направи под Лучијано Спалети. Тој го користи неговото искуство стекнато во Русија, ја искористи паузата од полусезоната поради Светското првенство и на најдобар можен начин го подготви својот тим за двете фази од првенството“, изјави Моџи.