Суперѕвездата на ПСЖ, Нејмар, се договорил со саудискиот клуб Ал Хилал. Бразилецот ќе потпише 2-годишен договор со клубот, период за кој ќе добие вкупно околу 160 милиони евра, пишува „Л’Екип“.
Сега останува ПСЖ и Ал Хилал да се договорат околу условите на трансферот. Заминувањето на Нејмар од Париз сега изгледа повеќе од сигурно, шест години откако пристигна на „Паркот на принцовите“ за рекордни 222 милиони евра.
Иако се зборуваше дека Бразилецот би можел да се врати во Барселона, по се изгледа, кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.