Бразилецот Фред го напушти Манчестер Ј. и од денеска е ново засилување за турскиот гигант Фенербахче.
Бразилскиот играч за врска потпиша четиригодишен договор, со опција за уште една година плус престој во Истанбул.
„Многу сум среќен што му се приклучив на најголемиот турски клуб и клуб со толку голема историја. И јас сакам да бидам дел од оваа приказна“, изјавил Фред на промоцијата.
30-годишниот Фред е во Манчестер Јунајтед од 2018 година, кога дојде од Шахтјор Доњецк.