ПМФЛ: Работнички во поход на Кратово, “жешко“ ќе биде во Ѓорче, Брера сака “два од два“, Тиквеш гостува во Гостивар…

269

 

Попладне од 17 часот на програмата се пет средби од 2.коло во ПМФЛ. Големото дерби меѓу Шкендија и Струга ТЛ, поради обврските на стружани во Европа, ќе се одигра на 30 август.

Секако денешната скопска пресметка меѓу Вардар и Шкупи ќе биде во центарот на вниманието, но исто така интересно ќе биде во Кратово каде Силекс го дочекува Работнички, тим кој уште на стартот ги искажа своите амбиции за новата сезона и својот квалитет.

Силекс се ќе стори да дојде до првите бодови сезонава, но Работнички си има свои сметки.May be an image of 6 people, people playing football, people playing soccer and text

Македонија ЃП – Брегалница во Ѓорче е дуелот кој исто така предизвикува големо внимание. “Лавовите“ на стартот загубија во Кавадарци а “сините“ пак беа маестрални на свој терен против Силекс. Ова ќе биде меч на кој ништо не се знае однапред,освен дека ќе следиме борба за секоја педа од теренот.

Брера Струмица одново игра дома, денеска со Брера Струмица. Тренерот Валенти и неговите играчи не кријат дека посакуваат и втора победа, по онаа минатата недела со Вардар, сега на ред е Воска Спорт.

Денеска на дело ќе видиме што може Гостивар. Тим кој се врати во елитата, клуб кој што ова лето вложи многу во нови играчи. Гостиварци го дочекуваат Тиквеш, тоа е тим кој знае да одигра како што треба и против посилни екипи.

Во секој случај попладнево на програмата се пет супер интересни мечеви за фудбалско уживање.

ДВОЈКИ ЗА 2.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

ВАРДАР – ШКУПИ

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ

МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА

ГОСТИВАР – ТИКВЕШ

БРЕРА СТРУМИЦА – ВОСКА СПОРТ

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (30.08.2023)

ТАБЕЛА: Работнички 3, Струга ТЛ 3, Тиквеш 3, Брера Струмица 3, Брегалница 3, Шкендија 3, Вардар 0, Воска Спорт 0, Македонија ЃП 0, Силекс 0, Гостивар 0, Шкупи 0…

ПретходноПресврт – Мбапе ќе потпише нов договор со ПСЖ!
СледноМитровски ќе го суди финалето на кадетскиот Евробаскет