Завршија првите полувремиња од петте меча во 2.коло во ПМФЛ. Во дербито на Маџари меѓу Вардар и Шкупи резултатот е 0:0. Пред полната трибина со “Комити“ домашниот тим има голема поддршка, борбена игра од двете екипи, но нема голови, а нема ни шанси. Трапановски во 42.минута можеше на тимот од Чаир да му донесе водство.
Во Струмица ремек – дело на Ване Крстевски, со фантастичен гол му донесе водство на својот тим Брера Струмица против Воска Спорт.
Силекс има убедливи 2:0 против Работнички. Каланоски од пенал и Ристовски стрелаа за кратовци, и двата гола паднаа по големи киксови на гостинската одбрана.
Тиквеш во Гостивар со голот на Куреж води со 0:1, додека во Ѓорче на мечот Македонија ЃП – Брегалница резултатот е 0:0.